Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, покажа дека е врвен тенисер и на импресивен начин се врати по повредата на рамото. Тој го освои турнирот во Токио со финална победа против Милман, кому му препушти само пет гејма и славеше со 6-3, 6-2.
– Прв пат играв во Токио и ова за мене беше неверојатно искуство и на теренот и надвор од него. Направивте да се чувствувам како дома, едвај чекам да се вратам догодина на Олимписките игри“, изјави Ѓоковиќ по завршувањето на мечот.