Магазин 15. август 2020. / 11:03

100 години Филозофски факултет – Скопје ќе се одбележи со изложба и предавање

100 години Филозофски факултет – Скопје ќе се одбележи со изложба и предавање

По повод обележувањето на 100 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје, Организацијата „Спона“ организира изложба и предавање, кое ќе биде одржано на 20 август во  20:00 на отворен и јавен простор – Сквер Јадран во центарот на Скопје.

Филозофскиот факултет во Скопје е отворен во 1920 година и долго време ја обединува интелектуалната сила на градот, по што прераснува во реномирана високообразовна институција.

Првите предавања на факултетот се одржани на 16 декември во 1920 година, а интересно е и тоа што на истиот датум е одржана настава и во 1946 година, кога Филозовскиот факултет повторно се отвара, откако бил затворен во годините на фашистичката окупација за време на Втората светска војна.