Хроника 31. август 2019. / 22:32

Зоки Кичеец од вчера е на Кардиологија

Зоки Кичеец од вчера е на Кардиологија

Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец од вчера попладне е пациент на Кардиологија, дознава 24 инфо.

Кичеец заедно со Боки 13 се двајцата првообвинети во аферата „Рекет“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката, а друштво му прават неколкумина припадници на МВР. Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар Мајка Тереза.

Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија.