Хроника 01. мај 2018. / 14:45

Жител на Македонски Брод доби кривична поради тоа што не пријавил приход остварен преку интернет

Жител на Македонски Брод доби кривична поради тоа што не пријавил приход остварен преку интернет

Битолската полиција поднела кривична пријава против 34-годишник од Македонски Брод поради сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“.

Како што информираат од МВР, пријавениот П.Ѓ. во текот на 2016 година преку интернет активности, во повеќе наврати примал уплати од лица од повеќе држави, преку т.н. брз трансфер на пари и при тоа во текот на истата година примил парични средства во износ од 1.142.795 денари.

За тие пари не поднел задолжителна годишна даночна пријава во УЈП, со намера да одбегне целосно или делумно плаќање на данок. На тој начин П.Ѓ. извршил затајување на данок во висина од 114.279 денари, односно за таа сума го оштетил буџетот на Република Македонија.

Инаку, по однос на кривичното дело даночно затајување СВР Битола, поточно Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод, има поднесено 10 кривични пријави со кои се опфатени десет други лица при што севкупно (заедно со незаконското дејствие на П.Ѓ.) тие го оштетиле буџетот на дравата за вкупно 1.985.328 денари.