Хроника 29. март 2019. / 19:01

Жител на Брвеница уапсен поради видео клип со заканувачка содржина

Жител на Брвеница уапсен поради видео клип со заканувачка содржина

На 28.03.2019 околу 19.50 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на улица „Тодор Циповски- Мерџан“ во Тетово го лишиле од слобода Ж.Г.(46) од село Брвеница, тетовско, кој истиот ден околу 15.00 часот на социјална мрежа објавил видео клип со заканувачка содржина. Ж.Г. бил задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.