Како што неофицијално дознава Алсат, убиството во Гостивар, во кое жртва е 78 годишна жена, е извршено заради камата за основен долг од 1.500 евра.
Како што и информираа од Алсат, убиството се случило доцна синоќа, а покрај жртвата тешко ранети се уште две лица кои се пренесени на скопските клиники.
Првичните информации се дека на телата на убиената и на жртвите имало 20 убоди со нож!
Полицијата веќе има приведено еден осомничен за убиството.