Хроника 22. декември 2018. / 17:05

Жестока тепачка во автобусот со број 56

Жестока тепачка во автобусот со број 56

Во автобус со број 56 на Јавното сообраќајно претпријатие вчера настанала тепачка при што повредени биле неколку малолетници.

„На 21.12.2018 година во 22.50 часот малолетник од с. Арнакија пријавил дека околу 19.30 часот додека со другари се возел во автобус на ЈСП бр.56 кој сообраќал на линија од Транспортен центар до с.Бојане, во близина на автобуската постојка во Влае биле физички нападнати од неколку лица од с. Грчец. кои му нанеле телесни повреди. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.