Хроника 14. декември 2018. / 11:00

Жена тешко повредена во Прилеп

Жена тешко повредена во Прилеп

Вчера во 17.15 часот во Прилеп, на улица „1 Мај“, 34-годишниот А.Т. од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „фиат“ удрил во 66-годишната Б.А. од Прилеп.

Б.А. се здобила со тешки телесни повреди, по што е пренесена во Општата болница во Прилеп.

Извршен е увид на место на настанот и се работи на расчистување на случајот.