Жена (67) тешко повредена откако возило удри во неа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Возилото го управувало 47-годишно лице со иницијали З.С. од Тетово.
Жената по несреќата била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.