Во 15,15 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Даме Груев“ на паркинг просторот патничко моторно возило “Мазда 3“ со скопски регистерски таблици управувано од 25-годишниот Г.С. од Скопје удрило во пешак.
Се работи за 82-годишната О.О. од Скопје која во незгодата се здобила со повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.
Се работи на целосно расчистување на случајот.