Хроника 29. мај 2018. / 14:51

Жена пронајдена мртва во Кавадарци

Итната медицинска помош при Јавната здравствена установа „Здравствен Дом“-Кавадарци вчера околу 10 часот пријавиле дека истите биле повикани на улицата „Едвард Кардељ“, каде што во стан е пронајдена почината Ц. Т. (76) од Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се изврши обдукција.