Утринава во 01 часот и 15 минути, 39-годишниот С.Г од Скопје пријавил дека во населба Илинден пред угостителски објект била физички нападната неговата сопруга 40-годишната М.Г од Скопје од страна на С.Д (49) од Скопје, соопшти МВР.
Од полиција велат дека потоа С.Г и М.Г се качиле во своето возило и се упатиле кон автопатот, а по нив тргнале напаѓачот и неколку други лица, при што удриле во задниот дел од возилото на С.Г.
Се работи на целосно расчистување на случајот.