Во Полициската станица Кавадарци, во вторникот се јавила 65-годишната Р.М. од село Росоман и пријавила дека во нејзината куќа во село Росоман нејзиниот сопруг, 51-годишниот З.М. околу пет години чувал бомба.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и во една од собите во куќата била пронајдена експлозивната направа.
Бомбата била одземена и предадена за понатамошна постапка на службите од Дирекцијата за заштита и спасување.
Се работи на расчистување на случајот.