Во Полициската станица Аеродром, вчера во 23 часот Д.П.(42) пријавил дека истиот ден околу 21.40 часот на булеварот Видое Смилески-Бато пред зграда, додека неговиот 12-годишен син бил заедно со уште двајца негови другари, дошла Е.М.(36) и физички ги нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.