Хроника 13. јули 2018. / 17:43

Затворил малолетници во подрум а откако се собрале нивни роднини во дворот повикал полиција

Затворил малолетници во подрум а откако се собрале нивни роднини во дворот повикал полиција

Вчера во 22 часот и 35 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, 34- годишниот С.Т пријавил дека во неговиот двор на улицата „Прохор Пчински“ имало повеќе лица кои му упатувале закани по живот и притоа оштетиле еден прозорец од куќата.

Од МВР велат дека по излегување од страна на полициски службеници на местото на настанот констатирано било дека пријавителот, заедно со неговиот брат 31- годишниот А.Т истиот ден околу 22 часот и 05 минути во својот двор повикале двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години, а потоа ги внеле во подрумската просторија од куќата и физички ги малтретирале. Тие тоа го сториле поради тоа што мислеле дека се сторители на кражби кои биле извршени во изминатите денови.

Откако биле ослободени околу 22 часот и 30 минути малолетниците настанот го кажале на своите роднини кои изреволтирани се собрале во дворот на С.Т. А.Т. и С.Т. биле приведени во Полициската станица Бит Пазар и се работи на целосно расчистување на случајот, стои во соопштение од полицијата.