72-годишниот затвореник кој вчера почина од корона вирус, бил осуден на доживотна казна затвор, заедно со неговиот син. Уште еден негов син бил во затвор но по отслужување на затворската казна бил пуштен на слобода, велат за Телма извори од затворот Идризово.
Бил сместен во деветото крило заедно со неговиот син. Тука, велат од затворот е најкомфорно со најмал број на осуденици, поточно 24, кои сите ќе бидат изолирани. Во моментов позитивни на вирусот се 20 затвореници, а во болничкото одделение нема пациенти, бидејќи сите се со полесна клиничка слика.
Сега починатиот затвореник претходно не се пожалил дека нешто не е во ред со неговото здравје. На затворениците секојдневно им се мери температура, додаваат од затворот, а тој не покажал никакви симптоми. Кога се пожалил дека тешко дише, со специјално возило бил однесен во болница. Сепак, тој имал тешка форма на дијбетес, поради што му била ампутирана ногата. Во болница бил потврден позитивен тест на корона, а од компликации починал.