Хроника 17. мај 2018. / 10:28

Затвореник од затворот Идризово почина на скопските Клиники

Затвореник од затворот Идризово почина на скопските Клиники

Вчера околу 08.00 часот во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал 37- годишниот А.К од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Идризово.

Тој од 12 мај годинава бил хоспитализиран на Клиниката за гастрологија, но вчера починал.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.