Некои од затворениците кои издржуваат затворски казни во затворот Куманово, почнале голем протест, затоа што нивните барања до сега веќе 10 дена се игнорирани од властите.
Извори на „Лајм“ велат дека затворениците, главно Албанци, ги запалиле своите ќелии на третиот кат, а нивниот револт сè уште продолжува.
На албанските затворениците, кои биле пренесени во затворот пред неколку дена, не им е дозволено да излегуваат во текот на денот и тоа е причината што кај нив е создаден револт.
Сè уште нема официјална потврда од полицијата и дирекцијата на затворот. Засега не се знае дали има повредени лица за време на немирите.