Хроника 14. ноември 2020. / 22:30

Затворен угостителски објект во Врапчиште, работел и по 21 часот

Затворен угостителски објект во Врапчиште, работел и по 21 часот

На 13.11.2020 во 23,00 часот во СВР Тетово било пријавено дека угостителски објект во с.Врапчиште сопственост на И.З(38) од с. Врапчиште од полициски службеници бил затекнат дека истиот е отворен, информира МВР.

Според полицијата во објектот се наоѓале И.З. со неговиот малолетен син и М.М.(52), И.Џ.(52), Д.С.(49) и А.И.(35) сите од с.Врапчиште, при што истите постапиле спротивно на здравствени прописи за време на епидемија.

Од инспектор од Државниот пазарен инспекторат бил извршен увид и објектот бил затворен со налепница. Увид е извршен од екипа од Полициска станица Гостивар.