Хроника 14. јануари 2021. / 10:44

Затворен угостителски објект во тетовско – сопственикот приведен

Затворен угостителски објект во тетовско – сопственикот приведен

Вчеравечер во 20.40 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане извршиле контрола во угостителски објект во с.Горни Челопек, сопственост на Д.Р. (31) од с. Горни Челопек.

При контролата било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати 17 лица гости и сопственикот.

Д.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, односно за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат Тетово.