13 години затвор за трговија со дете доби Мајмире Дестанова која ја продавала по градови, во кафани и на таксисти и се заканувала и ја тепала 12 годишната штитеничка на домот „Ранка Милановиќ“, пренесе Телма.
По 12 години затвор, што е минимална казна за трговија со дете, добија Ерол Јашаров и Сезар Раимов кои сексуално го злоставувале и малтретирале девојчето.
На денешното судско рочиште сите признале вина и каење.
Дестанова се обиде да ги разубеди судиите и дека не знаела дека девојчето е малолетно. Нејзиниот адвокат ќе поднесе жалба.