Полициски службеници од Полициското одделение Галате при извршување работни задачи, вчера во 19.30 часот во село Добридол, Општина Врапчиште, забележале угостителски објект кој работел по дозволеното време.
Како што соопшти МВР, при контрола, во објектот биле затекнати пет лица гости и сопственикот М.С. (47) од село Добридол.
Сопственикот М.С. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен.