Хроника 15. септември 2020. / 13:17

Застој во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица поради превртено комбе

Застој во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица поради превртено комбе
фото -365

Застој во сообраќајот на регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица. Возачи информираат дека превртено комбе е причината за долгата колона возила која чека да го продолжи патувањето.

 Според тоа што го видовме додека чекавме, комбето се превртело поради тоа што му се слошило на возачот. Интервенираше екипа на Итната помош, тука се и полициските екипи кои кажаа дека патот за кратко ќе биде пуштен во употреба, информираат возачи.

Од Итната медицинска помош ја потврдија интервенцијата и додадоа дека возачот е во добра состојба. За евентуални други причини за несреќата од полицијата детали најавија во текот на денешниот ден.