Хроника 24. декември 2019. / 21:59

Запленети над 5 000 петарди во Куманово и во Тетово

Запленети над 5 000 петарди во Куманово и во Тетово

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(25) од Куманово затоа што кај при преглед кај него биле пронајдени и одземени 3 200 парчиња пиротехнички средства – петарди. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Тетово на импровизирана тезга, поставена на градскиот плоштад во Тетово, пронашле и одзеле над 2 000 разновидни пиротехнички средства, најголем број петарди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.