Полициски службеници од СВР Охрид, на полноќ на брегот на Охридското езеро, кај Пештани, пронашле четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица, кои се одземени и предадени на Хидробиолошки завод Охрид.
Како што информираат од МВР, СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се сторители на казненото дело „незаконит риболов“, против кои ќе поднесе соодветна пријава.