Непознат сторител ноќеска околу два часот запалил автомобилска гума под џип паркиран пред куќа на улица „Димитар Хаџи Попов“ во Битола.
Џипот бил во сопственост на педесет и шестгодишен битолчанец, кој самиот го локализирал пожарот.
Повредени лица нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.