Хроника 25. јуни 2019. / 22:54

Запален автомобил во Ново Лисиче

Запален автомобил во Ново Лисиче

Автомобил „Рено лагуна“ се запалил вечерва во скопската населба Ново Лисиче. Засега нема информации за тоа која е причината за пожарот, а очевидци тврдат дека автомобилот одеднаш почнал да гори, пишува Слободен Печат.

Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанат и го угаснале пожарот. Луѓето кои го забележале димот веднаш ги повикале пожарникарите, чија брза реакција била пресудна да се спречи проширување на пожарот.

ФОТО: Слободен Печат