Залутан куршум оштети автомобил со скопски регистерски таблички. Според информациите од полицијата, вчера во 14.25 часот во Единицата за информации и команда Скопје, М.К. од Скопје пријавила дека на ул.„Павле Илиќ“ забележала дупка на предното стакло од патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки и еден куршум кој бил заглавен во шал-таблата.
При падот на зрното, во возилото немало никој.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.