Прашана од судијката Даниела Алексовска Стафановски дали имала закани во однос на сведочењето за настанот, девојката на Никола Саздовски одговорила позитивно.
-Ми се јавија на телефон во училиште, не знам кој ми се јави.
Инаку таа била присутна на лице место кога се случил настанот и е прв сведок кој треба да даде исказ за убиството на Саздо.
Судењето за дваесетгодишниот Никола Саздовски почна утрово. Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.