Хроника 22. септември 2019. / 12:53

Загина жена на автопатот Скопје-Велес

Загина жена на автопатот Скопје-Велес

44-годишна жена од Богданци со иницијали Ф.Г. загина вчера на автопатот Скопје-Велес откако со своето возило излетала од патот.

На 21.09.2019 во 16.30 часот на автопат Скопје-Велес, кај с.Катланово, патничко возило „ауди 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ф.Г.(44) од Богданци, излетало од патот. Во незгодата Ф.Г. се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопштија од полицијата.