Хроника 07. ноември 2018. / 11:18

Загина велосипедист на патот Куманово – Свети Николе

Загина велосипедист на патот Куманово – Свети Николе

Вчера колу 17.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско.

Т.С. починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.