Хроника 22. април 2018. / 21:13

Загина моторциклистот кој се судри со џип на патот Битола-Ресен

Загина моторциклистот кој се судри со џип на патот Битола-Ресен

35 годишен мотоциклист попладнево загина во тешка сообраќајна несреќа на излезот од Битола за Ресен во близина на бензиската пумпа “Лукоил”.

Портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, потврди за Апла.мк дека во сообраќајката учествувале џип и мотор, при што лицето кое управувало со моторот починало.
Поради сообраќајката, полицијата го запре сообраќајот низ обиколницата, а возилата се пренасочуваат низ Битола.