Хроника 19. јуни 2020. / 11:52

Загина мотоциклист откако се судри со камион

Загина мотоциклист откако се судри со камион

Триесет и двегодишен жител на скопското село Стајковци загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на булеварот Киро Глигоров.

Сообраќајната несреќа се случила кога камион со полуприколка управуван од српски државјанин удрил во моторот. Во незгодата моторциклистот починал на местото на настанот, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.