Хроника 01. May 2019. / 10:53

Загина мопедист во Куманово

Загина мопедист во Куманово

Р.Г. (46) од Куманово загина вчера управувајќи мопед кај паркингот од улицата „Пиринска Македонија” пред градскиот базен. Тој изгубил контрола и удрил во рабник од острово со зелена површина, по што паднал на коловозот и починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово и јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.