М.Н. (54) од Кавадарци, инженер во фирмата „Мак-дрил“ загинал вчера при минирање на ископ во рудникот Говрлево.
Тој бил погоден од камен во градите, по што починал на местото на настанот. Извршен е увид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.