Хроника 28. јуни 2018. / 18:06

Заев по повод смртта на Тиквар, упати телеграма со сочувство

Заев по повод смртта на Тиквар, упати телеграма со сочувство

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод смртта на Перо Ивановски – Тиквар, упати телеграма со сочувство до Сојузот на Борците на Република Македонија.

– Великанот на НОВ и учесник на Првото заседание на АСНОМ, Перо Ивановски остави неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за ослободување, самобитност, државност и независност на татковината , се наведува во телеграмата од премиерот Заев.

Воедно, се нагласува дека преданоста кон идеалите и борбата за поубава и слободна Република Македонија, животниот пат на Ивановски го прават судбински испреплетен со патот на нашата татковина.

Перо Ивановски – Тиквар е роден 1920 година во Прилеп, бил учесник во НОВ, како и учесник на Првото заседание на АСНОМ.