Хроника 15. март 2021. / 11:08

Забраната за движење ја прекршиле 15 лица

Забраната за движење ја прекршиле 15 лица

Од 22 часот (14.03.2021) до 05 часот (15.03.2021) констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (14/15.03.2021) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 393 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.