Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 19 часот на крстосница на ул.„Цветан Димов“ со ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, за време на ограничено движење, ги приведеле Џ.А.(39) од с.Мојанци, скопско, и П.И.(26) од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Лицата, велат од МВР, агресивно се однесувале кон полициски службеници. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.