Хроника 20. април 2020. / 17:07

За време на полициски час по жестока расправија две лица од беровско заработија кривична

За време на полициски час по жестока расправија две лица од беровско заработија кривична

По меѓусебна расправија, две лица од беровското село Будинарци заработија кривична пријава заради нарушување на јавниот ред и мир. Немилиот настан како што информираат од полицијата се случил во двор на еден од пријавените.

Меѓусебната пресметка помеѓу В.П.(29) и А.А.(36) и двајцата од село Будинарци се случила на ден 19 април 2020 година. Нивната меѓусебна расправија е пријавена до Полициската станица од општа надлежност Берово во 19:00 часот истиот ден, се вели во извештајот на беровската полиција.

По документирање на случајот од полицијата најавија дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против нарушителите на јавниот ред и мир.