Првите 24 часа од полицискиот час викендов во Гостивар поминаа без регистрирани прекршувања на забраните за движење. Локалната самоуправа преку волонтери доставува храна и лекови.
Од Општина Гостивар информираа дека изминативе 24 часа во кризниот штаб се јавиле триесетина граѓани. Ним преку мобилните екипи им се примени барањата и се набавени потребните храна и лекови
– Преку оваа услуга, Општината им помага на граѓаните кои не се во можност или имаат вонредна потреба да добијат храна или лекови. Трошоците за набавката ги сносат граѓани, изјави Јасин Демири од Општина Гостивар и потенцираше дека оваа услуга е активна за време на викендот, а во работните денови таа ќе функционира со почетокот на полицискиот час.