Хроника 30. јануари 2020. / 12:05

За полов напад врз дете е уапсен гостиварец на скопскиот аеродром

За полов напад врз дете е уапсен гостиварец на скопскиот аеродром

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“ вчера од слобода е лишен Џ.С.(69) од с.Чајле, гостиварско, затоа што при проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“, по барање на Полициската станица Гостивар, за сторено кривично дело „полов напад врз дете“, по член 188 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.