Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство ќе истражува дали преку објавата на социјалните мрежи, професорката Билјана Ванковска ширела говор на омраза, пишува 1ТВ.
Како што дознава 1ТВ од свои извори, спорната објава ќе биде предмет на истрага на надлежните институции, кои дополнително ќе објават детали.
Ванковска на својот профил напиша: „Каква трагедија и иронија: Карпалак“, што предизвика бура од негативни реакции.
Објавата сега веќе е избришана, а Ванковска веднаш се пожали дека добивала пораки со заканувачка содржина на социјалните мрежи.