Хроника 07. март 2019. / 14:03

За една недела 8 лица починале од грип

За една недела 8 лица починале од грип

Се работи за 5 лица од Скопје и по едно од Делчево, Охрид и Кавадарци.

Институтот за јавно здравје информира дека во текот на изминатата недела, регистрирани се осум смртни случиа поради грип. Се работи за 5 лица од Скопје и по едно од Делчево, Охрид и Кавадарци. Возраста на починатите се движи од 12-70 години. Кај 7 лица е утврдена претходна хронична болест.  Кај сите починати е докажан инфлуенца  А вирусот, од кои кај 5 лица е потврден А(H1pdm) вирусот на грип.

Во периодот од 25.02 до 03.03.201 се пријавени 2.678случаи на грип, што е за 16,5% намалување во споредба со минатата недела.