Хроника 25. јануари 2021. / 12:01

За еден ден казнети 157 возачи во тетовско

За еден ден казнети 157 возачи во тетовско

На територијата на тетовско и на автопатот Скопје-Тетово при засилена акциска контрола вчера полициски службеници санкционирале 157 возачи кои возеле со брзина над дозволената, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Од вкупниот број изречени мерки, 93 прекршоци се констатирани на автопатот Скопје-Тетово, а останатите на подрачјето на Тетово. 

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од МВР