Хроника 29. август 2018. / 10:22

За два дена над 20 сообраќајки во Скопје

За два дена над 20 сообраќајки во Скопје

Вкупно 21 сообраќајнa незгодa се случилa изминатите денови на подрачјето на СВР Скопје. Две лица се тешко повредени, а шест лесно.

Како што соопшти СВР Скопје, со поголема брзина од дозволената се движеле 87 возачи, седум биле под дејство на алкохол, 17 поминале на црвено, а 22 биле исклучени од сообраќај пред да се стекнат со право на управување на моторно возило.

Тринаесет возачи се исклучени од сообраќај зашто не им биле регистрирани возилата, а подигнати со пајак се 64 возила.