Хроника 31. јули 2018. / 10:47

За долг од 10.000 денари му зел и камата и златен ланец од 2.000 евра

За долг од 10.000 денари му зел и камата и златен ланец од 2.000 евра

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(26) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “лихварство“ и “затајување“.

На 07/08.07.2018 година во Охрид на улицата ,,Партизанска” во казино Д.К.(34) од Охрид, позајмил 10.000 денари од пријавениот, со услов за 14 дена да му даде 17.500 денари на истиот. При тоа, Д.К. како залог, на пријавениот му оставил златен ланец во вредност од 2000 евра. На 22.07.2018 година оштетениот му ја исплатил договорената сума на пријавениот, но тој не му го вратил ланецот, по што истиот престанал да контактира со Д.К.