Хроника 08. февруари 2021. / 13:21

За 6 часа во Скопје фатени 121 возач кои возеле под дејство на алхохол

За 6 часа во Скопје фатени 121 возач кои возеле под дејство на алхохол

При акциска контрола на полициските станици за безбедност во сообраќајот, синоќа од 20 часот до 2 часот утринава се санкционирани 121 возачи кои возеле под дејство на алкохол.

Од МВР денеска информираат дека од вкупниот број на санкции, најголем број  – 30 се изречени  на територијата што ја покрива СВР Битола, 18 на територија на СВр велес, а по 14 на териториите на СВР Скопје и СВР Штип.

Санкционирани се и 261 останати прекршоци