Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 20,00 до 02,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека притоа санкционирани се 14 возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци.
Од нив еден моторциклист бил приведен во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Чаир поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите – стои во соопштението на МВР
Исто така и два моторцикли се однесени на технички преглед за понатамошна постапка.