Хроника 13. април 2018. / 19:57

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Детали за претепаното девојче во училиште во Неготино – инспектор го истражува случајот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Детали за претепаното девојче во училиште во Неготино – инспектор го истражува случајот

Просветен инспектор влезе во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според јавно објавената снимка на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца.

Директорот Петар Мантев рече за МИА дека го погледнал видеото од вчера и оти се преземени сите мерки.

– Повикани се учениците, изречена им е педагошка мерка, пратени се писма до родителите нивни за да дојдат на советување, известена е и полициската станица, нагласи Мантев.

Инаку, утринава до редакцијата на „Охрид1“ пристигна видео снимката на која се гледа како неколку девојки малтретираат друга девојка. Според јазикот на кој зборуваат девојките и присутните кои со телефон снимаат од страна, овој ужасен настан се одиграл во ООУ „Гоце Делчев“ во Неготино, а актерите во истиот се малолетни лица, кои посетуваат средно училиште.

На оригиналниот видео материјал, јасно се гледаат лицата на учесничките во овој инцидент, но како што велат од „Охрид1“ истиот го објавиле во скратена форма и со заматени лица на учесничките.