Хроника 16. јули 2020. / 13:49

Возилото на гостиварската Изборна комисија се запалило дури одело кон ДИК

Возилото на гостиварската Изборна комисија се запалило дури одело кон ДИК

Возило на гостиварската Изборна комисија, во кое се наоѓал изборниот материјал од гласањето во Општина Гостивар што комисијата го носела во ДИК, рано изутринава, од засега непознати причини, се запалило. Во инцидентот нема повредени лица, а, како што соопшти полицијата, не бил оштетен ниту избирачкиот материјал.

Денеска во 4:30 часот  во СВР Тетово e пријавено дека моторно возило „форд транзит‘ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А., се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Материјалот воопшто не бил оштетен и бил префрлен во друго возило и испратен во Државната изборна комисија, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.